Регион СВЕТ

Германски амбасадор: Нашите српски пријатели треба да го признаат Косово, ако сакаат да се приклучат на ЕУ

Во денешното обраќање пред Советот за безбедност на ООН, германскиот амбасадор во Обединетите нации го критикувал министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Како што вели, му се чини дека неговиот говор е „копирање на претходни интервенции“, а во врска со политиката на лобирање за повлекување на признавањето на независноста на Косово, тој изјавил дека „нашите српски пријатели си пукаат во нога“.

„Изненаден сум од оваа политика на обид да се повлечат признавањата. Нашите српски пријатели си пукаат во ногата, затоа што ако сакаат да влезат во ЕУ, треба да работат на признавање и самите да го признаат Косово“, рекол германскиот амбасадор.

Тој додал дека говорот на Дачиќ изгледа како „копи пејст“ од неговите претходни интервенции.

Германскиот дипломат изјавил дека претставниците на Србија многу зборуваат за злосторствата на Албанците, а дека, како што се тврди, никогаш не слушнале за злосторствата извршени врз Албанците во 1998 и 1999 година, како што се етничкото чистење и масовната депортација.

Тој, исто така, го прекорил рускиот амбасадор како претседател што не дозволли претставникот на Приштина да го заврши своето обраќање и го критикувал што не дозволи специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак, да се обрати пред Советот за безбедност,  пренесува Б 92.

Поврзани вести

Пожари во Калифорнија: Евакуирани 70.000 лица

Stefanija Kuzmanovska

Потресни снимки од болницата во Бејрут по огромната експлозија

Stefanija Kuzmanovska

Челзи Менинг се обидела да се самоубие

Непознати лица запалиле автомобил на турски дипломат во Солун (ВИДЕО)

Вучиќ: На ЕУ и требаат барем некои од нас од Западен Балкан

Влатко Зорба

Избори БиХ: Додик поразен во Бања Лука, Изетбеговиќ во Сараево

Влатко Зорба