Вести СВЕТ

Германски виролог дал прецизна мерка за заштита: „Нема да има втор бран на коронавирусот“

Дали е можен втор бран на зараза е едно од прашањата на научниците кои постојано го истражуваат новиот вирус.

Водечкиот германски и светски виролог Кристијан Дростен, кој е експерт за коронавирусот и еден од авторите на тестот за САРС, смета дека имунитетот стекнат поради претходно заболување од некој од вирусите од корона групата може да претставува заштита и за Ковид-19.

Коментирајќи го наводниот втор бран во Азија, тој истакнал дека станува збор само за стари случаи на вирусот односно пациенти кои не биле излечени до крај. И тука на сцена настапува дилемата за ефикасноста на „PCR” тестовите кои станаа незаобиколна метода во молекуларните истражувања, а чија предност во однос на стандардните имунолошки и микробиолошки тестови е брзината на изведување и добивање на резултатите.

„Доколку телото го замислиме како езеро со златни рипки, тестирањето би претставувало како со врзани очи да наполниме кофа со вода од него и да погледнеме дали сме успеале да уловиме некоја риба. Пред крајот на Ковид – 19, кога пациентот субјективно и објективно се чувствува добро, вирусот се уште е присутен, но неговата концентрација е под границата потребна за регистрирање на истиот со тестовите“, објаснува Дростен.

Дростен кој управува со институтот “Charite” во Берлин, вели дека заразата сепак нема да биде под контрола сè додека не се пронајде вакцина.

Неговата препорака е да го следиме е да го следиме правилото „шест чекори – шест секунди“, односно при контакт со други лица да држиме растојание од најмалку 1,8 метри и комуникацијата да не трае подолго од 6 секунди.

Тој додал дека најважни се реакциите од државите како повторно воведување на изолација и соработка со граѓаните и сето тоа додека технологијата на следење, во која положува голема надеж, не обезбеди нова заштитна мрежа.

Поврзани вести

Трамп повторно високите бројки на заразени ги правда со тестирање

Stefanija Kuzmanovska

Твитер воведува ограничувања пред изборите во САД

Влатко Зорба

„Гардијан“: Трамп се откажа од натамошна воена конфронтација со Иран

Трудо одби да ја ослободи директорката на Хуавеи: Апсењето на Канаѓаните е одмазда на Кина

Бројот на жртвите од земјотресот во Турција се искачи на 58 лица

Влатко Зорба

Грета Тунберг се извини за изјавата дека политичарите треба да бидат „турнати до ѕид“

Влатко Зорба