Вести СВЕТ

Германците го демантираат Трамп: „Сончањето не помага во борбата против коронавирусот“

Сончањето не помага во лекувањето на Ковид-19, ниту пак ја спречува инфекцијата, објавила една германска агенција во петокот, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека вирусот може брзо да го снема на силното сонце.

„Ултравиолетовото зрачење може да доведе, меѓу другото, до сузбивање на одговорот на имунолошкиот систем“, тведи портпаролката на германското Сојузно биро за заштита од радијација (BfS).

„Болните не смеат да се изложуваат на најсилното сонце, за која и да е болест да станува збор“, додаде портпаролката.

Таа исто така истакна дека прекумерното сончање го зголемува ризикот од рак на кожата и истакна дека нејзината агенција не препорачува „долг, незаштитен престој на сонце“.

Американскиот претседател вчера зборуваше на прес-конференцијата во Белата куќа за потенцијалните идеи за лекување од коронавирусот.

Бил Брајан, шеф на научно-технолошкиот оддел на американското министрство за внатрешна безбедност, ги претстави резултатите од истражувањата на американските научници кои покажуваат меѓу другото дека коронавирусот значително помалку преживува во летни услови при високи температури и влажност на воздухот, како и УВ индексот.

„Се надевам дека луѓето ќе уживаат на сонцето, а доколку тоа ќе има влијание (врз коронавирусот) би било одлично“, рече Трамп.

„Оние кои веруваат дека сончевите зраци може да го убијат вирусот и така да се излекуваат, многу грешат“, објавиле од BfS пред неколку дена, и покрај тоа што многу светски авторитети во вирологијата тврдат дека со зголемувањето на температурите се намалува силата на вирусите, вклучително и на новиот коронавирус.

Поврзани вести

Најцрн ден во Франција: Помината е бројката од 3 000 починати од коронавирусот

Екс-хирург обвинет за педофилија во Франција

Русинки избегале од болнички карантин поради односот на лекарите и лошите хигиенски услови

Путин предложи забрана иста личност да биде претседател повеќе од два мандата

Северна Кореја изврши уште едно „многу значајно“ тестирање

Поранешниот фински претседател Марти Ахтисари заздравува од Ковид-19