Вести СВЕТ

Голем пожар зафати објект на гигантот Хуавеј (ВИДЕО)

Пожарот, кој избувна денес во објектот што му припаѓал на кинескиот технолошки гигант Хуавеј во градот Донггуан, бил изгаснат и никој не загинал, објавија локалните власти.

Огнот зафатил челична конструкција во изградба, која се наоѓала во близина на истражувачката лабораторија Хуавеј и која не била користена за време на инцидентот.

На кинеските социјални медиуми беше објавено видео, на кое наводно се гледа голем облак од темно сив чад кој се издига над лабораторијата за истражување на Хуавеј.

Противпожарната служба порано денес објави дека гори памук што апсорбира звук.

Кинеските државни медиуми објавија дека пожарот избувнал во истражувачката лабораторија на Хуавеј. Хуавеј не одговори на барањето за коментар.

Лабораторијата главно истражува материјали и тестира антени за 4G и 5G мрежи, поврзани со деловната активност на базните станици на Хуавеј, тврди Ројтерс, повикувајќи се на извор запознат со ова прашање.

Поврзани вести

Ова се најмладите светски лидери

Никола Поповски

Холандија стави вето на помошта за обнова: Дали на повидок е нов „Брегзит-синдром“ во ЕУ?

Итните служби блокираа една од најфреквентните улици во Лондон по известувањето за истекување хемикалија

user4

Тачи не даде одговор на прашањето дали ќе му даде мандат на Курти да формира влада

Африканска земја верува дека можеби има стекнато колективен имунитет: Заразени биле 12 милиони лица

Никола Поповски

По повод протестите во Бугарија: Борисов предлага нов Устав и преполовување на бројот на пратениците

Никола Поповски