Вести СВЕТ

Градоначалникот на Лондон: Терористите сакаат да не разделат и уништат, но нема да дозволиме (фото)

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, се огласи по повод терористичкиот напад во Лондон, при што напаѓачот за кој се верува дека прободел неколку лица е убиен.

„Еден човек беше убиен од полицијата во Стритам по инциденти кои се третираат како терористички. За неколку луѓе се верува дека се прободени со нож“, изјави Кан.

Тој рече дека е во контакт со локалните власти и изрази благодарност до полицијата за нивниот брз одговор.

„Сакам да и се заблагодарам на полицијата за нивниот брз и храбар одговор. Тие се навистина најдобри од нас“, додаде градоначалникот на Лондон.

„Терористите сакаат да не разделат и да го уништат нашиот начин на живот, но, ние од Лондон, нема да им дозволиме“, рече Кан.

Поврзани вести

Во Кина во изминатите 24 часа не е забележан ниту еден локално пренесен случај

Stefanija Kuzmanovska

Две лица загинаа во пожар во фабрика во Нови Сад

Украинскиот премиер Хончарук поднесе оставка

СЗО: Затворањето на градовите во Италија доведува до стабилизација

Главниот епидемиолог на Шведска се премисли, денес би вовел построги мерки

Руската Комунистичка партија го поддржа предлогот за вметнување на Господ во текстот на Уставот