Регион СВЕТ

Грчката опозициска партија СИРИЗА, достави предлог закон за зголемување на најниската плата

Грчката опозициска партија СИРИЗА, достави предлог закон за зголемување на најниската плата, односно за оваа година да достигне до 698 евра, а за следната 751 евро.

Лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас вели дека лани, тие како влада, ја зголемија за 11 отсто најниската плата, а сега, една година подоцна, доставуваат предлог закон за ново зголемување за 7.5 проценти во 2020 (698 евра) и 7.5 отсто за 2021 (752 евро).

Поранешниот грчки премиер додава дека покачувањето „е минимумот што владата мора да го направи за да го зајакне огромното мнозинство на работници“ и паралелно го прашува Мицотакис дали ќе ги поддржи работниците.

-Господинот Мицотакис, кој предизборно ветуваше многу и добри работни места и наводно зголемување на минималната плата двојно од стапката на раст, сега мора да заземе јасен став. Ќе ги поддржи барем еднаш работниците или ќе продолжи, како што знае да ги поддржува само силните финансиски интереси?, вели Ципрас.

Поврзани вести

Ново откритие на кинеските научници за коронавирусот: Дистанцата од 2 метри не е доволна (ВИДЕО)

На албанското крајбрежје пронајдена е мртва гигантска желка од видот „Карета“

Столтенберг: ЕУ не може без НАТО да ја одбрани Европа

Stefanija Kuzmanovska

Рама: Нови домови за жителите погодени од земјотресот до средината на следната година

Во Хрватска најмногу заразени меѓу тестираните, веднаш зад Шведска: Во Малта нема ниту еден случај

Бројот на заразени и мртви во Србија е многу поголем од официјалните податоци?

Stefanija Kuzmanovska