Регион СВЕТ

Грчкиот Парламент го ратификува протоколот за одбранбена соработка меѓу Грција и САД

Протоколот со амандманите на веќе постоечкиот Договор за одбранбена соработка од 90те години меѓу Грција и САД, вчера со 175 гласа „за“ беше ратификуван во грчкиот Парламент, јавуваат од Атина.

Изменетиот договор меѓу двете земји го поддржаа владејачката Нова демократија и опозициската Движење на промена, а „против“ гласаа 33 пратеници и од Комунистичката партија, Грчко решение и МЕРА25), додека пак 80 пратеници од опозициската СИРИЗА беа воздржани.

На гласањето му претходеше жестока дискусија и обвинување меѓу грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, меѓу другото, и поради ставот на опозициската партија да не гласа за протоколот.

-Ви побарав да не го доставите законот за кој дискутираме денес, односно да го замрзнете сè додека не имаме суштински заложби од нашите најсилни сојузници, Соединетите американски држави, да нè поддржат ако нашите соседи дополнително ги ескалираат нивните провокации. И ова, ако се сеќавате, го побарав пред да заминете во САД. А Вие, се разбира, го сторивте токму спротивното. Гласате за договорот без никакво суштинско уверување за ставот на Соединетите американски држави во тешките моменти. Самиот Ердоган смело објавува дека доаѓаат тешки моменти. Така вели, рече Ципрас во неговото обраќање.

-Господине Ципрас, ова е договор за кој вие преговаравте. Не само што преговаравте, туку во суштина го спроведовте затоа што многу од одредбите од договорот, кои денес се ратификуваат и добиваат правна сила, како што е работата на базата за дронови во Лариса или користење на пристаништето во Александрополи, веќе беа одредени од вашата владата. И правилно беше тоа, господине Ципрас, порача Мицотакис.

Ратификацијата на протоколот ја поздрави американскиот државен секретар Мајк Попмео на преку неговиот официјален „Твитер“ профил и рече дека „Грција е клучен НАТО сојузник и ќе продолжиме да градиме врз нашето силно партнерство и да промовираме стабилност во регионот“.

Протоколот со амандмани на веќе постоечкиот Договор за одбранбена соработка од 90те години меѓу Грција и САД го потпишаа министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас и американскиот државен секретар Мајк Попмео на нивната средба во грчкото МНР на 5 октомври 2019 во Атина во рамките на вториот стратешки дијалог меѓу двете земји.

Според договорот, се бришат локации и места каде што веќе со години не постои одбранбена соработка меѓу двете земји, а паралелно предвидува активности и

употреба на објекти, онаму каде што е започната одбранбена соработка во изминатите три години

Поврзани вести

Рјабков: Големата седумка го загуби своето значење како инструмент на глобалното управување

Грчкиот суд донесе одлука: Партијата Златна Зора е криминална организација

Најстрашното видео од Бејрут, ова би можело да биде причина за експлозијата

Јапонскиот премиер прогласи вонредна состојба во Токио и шест други области во земјата

Нетанјаху се закани на „Исламски џихад“: Запрете ги нападите или ќе добиете уште повеќе удари

Курти: Новата косовска Влада ќе биде формирана многу брзо

Maja_Serafimova