СВЕТ

Грета Тунберг доби еден милион евра за хуманост, па ги донираше

Шведската активистка за животна средина, Грета Тунберг (17) денеска соопшти дека ќе ја донира наградата од еден милион евра, што ја добила од португалската фондација Gulbenkian за хуманост, на групите кои се борат против климатските промени и заштитата на природата.

Тунберг ја доби наградата за пружање медицинска помош на домородните заедници во Амазон за време на епидемијата на коронавирус и за залагање екоцидот да стане меѓународен криминал, пренесува „Ројтерс“.

Таа на својот профил на Инстаграм објави дека наградата е повеќе отколку што можела да замисли и дека се надева дека ќе ѝ помогне да и ’направи уште повеќе добро на светот.

„Сите пари од наградата ќе бидат донирани преку мојата фондација на разни организации и проекти кои им помагаат на луѓето на линиите кои се погодени од климатската и еколошката криза, особено на глобалниот југ“, напиша Тунберг.

Тунберг ја доби наградата во конкуренција од 136 кандидати од дури 46 земји, а инаку, наградата се доделува еднаш годишно.

Поврзани вести

Путин: Русија е подготвена да одговори на секој агресор кој ќе се осмели да го повтори нападот на нацистичка Германија

Црна Гора: Нема случај на заразени со коронавирус, апсење на сите што шират лажни вести

Никола Поповски

Цела Италија во карантин: 60 милиони луѓе во изолација

Кое е вистинското значење на зборот „пандемија“?

Француски весник: Путин поради руската вакцина стана Џејмс Бонд

Никола Поповски

Фон дер Лајен: ЕУ многу интензивно ќе им помага на Италија и Шпанија во борбата против коронавирусот