Регион СВЕТ

Грција: За 24 часа се регистрирани 43 инфицирани со коронавирус, од кои половина биле туристи од Србија

Грчките медиуми во понеделникот објавија дека за 24 часа се регистрирани 43 инфицирани со коронавируси, од кои 20 биле туристи од Србија.

Во Грција, според најновите официјални податоци, за 24 часа се регистрирани 43 новозаразени со коронавирус, од кои скоро половина, дури 20 од нив се од Србија!

Српските туристи за кои е потврдено дека имаат коронавирус, се наоѓаат во хотели и станови кои се претворени во карантинско сместување, каде, без компензација, имаат храна и пијалоци, а ги посетуваат и лекари, кои редовно го следат нивното здравје. На Скијатос, дури им е дозволено и да одат на плажа.

Постојано набљудување

Грчките медиуми во понеделникот објавија дека дури 36 од 43 новозаразени биле идентификувани преку тестови на граничниот премин Промахонас, и дека повеќето од заразените биле од Србија. Поради зголемувањето на бројот на заразени лица во Србија, Грција го забрани влезот на српските граѓани барем до 15 јули, но ноќта помеѓу 6 и 7 јули, пред да стапи во сила забраната, неколку илјади српски туристи влегоа во Грција.

Александар Сеничиќ, директор на Националното здружение на туристички агенции Јута, вели дека има околу 40.000 српски туристи во Грција, но дека немаат податоци за тоа колку од нив се заразени.

– Инфицираните беа сместени во приватни вили и хотели кои се претворија во карантини, а оние што се најблиску до местото каде што дојдоа на летен одмор. Тие се таму под постојан надзор на лекар, имаат храна и се што е потребно, без дополнителни трошоци – вели Сеничиќ.

Тој додава дека квалитетот на карантинот се разликува.

– На Скијатос, карантинот е во хотел со три плус и четири sвезди, на морскиот брег и бидејќи има своја плажа, можно е пациентите да одат на море во одредено време – објаснува Сеничиќ и додава дека за да се излезе од карантин потребно е пациентот да има два негативни тест, а во некои случаи изолацијата трае повеќе од 14 дена.

Поврзани вести

Шведските обвинители се откажаа од истрагата против Џулијан Асанж

Бабиш повторно под истрага за махинации со донации од ЕУ

Курц: Среќни сме што имаме само по 100 нови случаи дневно, реагиравме брзо и одлучно

Се радикализираат протестите во Либан (ВИДЕО)

Maja_Serafimova

Поранешниот претседател на Боливија , доби статус на бегалец во Аргентина

Maja_Serafimova

После два месеци: Прв ден без новозаразени во Словенија