Регион СВЕТ

Гутереш во посета на Турција, Ердоган му го презентира планот за бегалците

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш во Истанбул изјави дека светската организација ќе го разгледа планот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за распоредување на сириските бегалци.

Ердоган денеска му го презентираше својот план на Гутереш, кој е во посета на Турција.

Турција сака да воспостави безбедносна зона во североисточниот дел на Сирија, големо подрачје што е под нејзина контрола по офанзивата против курдските сили. Турските власти сакаат во безбедносната зона да префрлат 3,6 милиони бегалци, кои најдоа засолниште во Турција од 2011 година кога почна граѓанската војна во Сирија.

Гутереш инсистира на почитување на „основните принципи на доброволно, безбедно и достоинствено враќање на бегалците“ во земјите од каде потекнуваат. Тој додаде дека екипа на ОН ќе биде испратена на терен да ја согледа ситуацијата со бегалците.

Поврзани вести

Д-р Несторовиќ: Вирусот не е ист како порано

Влатко Зорба

Навални бил отруен со новичок?

Никола Поповски

Марковиќ: Црна Гора ќе се подготви за туристичката сезона

Германците и натаму најмногу и веруваат на Меркел

Шпанската Влада сака за уште 15 дена да ја продолжи вонредна состојба во земјата

Почина Јапонецот кој не сакал да биде во самоизолација: Намерно го ширел коронавирусот