Вести СВЕТ

Хамас: ОАЕ им забоде нож во грбот на Палестинците

Палестинската исламска екстремистичка организација Хамас ги обвини Обединетите Арапски Емирати дека им забоделе нож во грбот на Палестинците.

Тие ги обвинуваат дека го сториле тоа затоа што се согласиле да воспостават целосни дипломатски односи со Израел.

Реакцијата дојде непосредно откако американскиот претседател Доналд Трамп објави денеска дека ОАЕ и Израел се согласиле да воспостават целосни дипломатски односи во рамките на договорот за запирање на анексијата на окупираната земја на која Палестинците планираат да воспостават своја независна држава.

Израелските пратеници го поздравија воспоставувањето на целосни дипломатски односи со ОАЕ, а израелскиот министер за одбрана, Бени Ганц изјавил денеска дека договорот изразува „сојузништво“ на земјите од регионот кои се стремат кон стабилност и просперитет.

Тој рече дека договорот ќе има „многу позитивни последици за регионот“ и ги повика другите арапски земји да воспостават мировните договори со Израел.

Ганц му се заблагодарил на американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „вистински пријател“ на Израел.

Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид изјавил дека преговорите и договорите, а не еднострани чекори, како што е анексија, се клучот за израелските дипломатски односи.

Највисокиот функционер на движењето на еврејските доселеници на Западниот Брег, Одед Ревиви, соопштил дека замрзнувањето на анексијата е фер цена за воспоставување на односи со ОАЕ.

Висок официјален претставник на ОАЕ, Анвар Гаргаш изјавил дека договорот што го објавил Трамп за воспоставувањето врски со Израел, претставува „смртен удар“ на израелските потези за анектирање на палестинската земја.

Поврзани вести

Ким Џонг Ун повторно исчезна

Меркел најави олеснување на рестрикциите во Германија, но најпогодената индустријата и понатаму нема да работи

Влатко Зорба

Вучиќ во обраќање до нацијата: Нема излегување од дома од сабота од 13 часот до 5 часот наутро во понеделник (видео)

Никола Поповски

Во Турција повици за создавање „калифат“

Влатко Зорба

На секои 17 минути умира еден жител на Њујорк, здравството на работ на колапс

Влатко Зорба

Пет милиони долари награда распишаа САД за информација за апсење на двајца руски хакери

Maja_Serafimova