СВЕТ

ХОРОР ВО ЕГИПЕТ: Ајкула одгризала рака на момче, а нога на водич

Малолетен украински турист ја изгубил раката, а египетски туристички водич ја загубил ногата во редок напад на ајкула во близина на египетското одморалиште Шарм Ел Шеик на Црвеното Море, соопштија денеска властите.

Нападот се случил во неделата, кога двајца туристи, мајка и син и нивниот туристички водич, нуркале во Националниот морски парк Рас Мохамед, се наведува во соопштението на Министерството за животна средина, пренесува АП.

Повредените биле пренесени во блиската болница.

Министерството не објави детали за повредите, но во соопштението на украинската Државна агенција за развој на туризмот се наведува дека 12-годишното момче било на интензивна нега во понеделникот и дека операцијата не успеала да му ја спаси раката.

Египетски службеник за здравство изјави дека семејниот водич ја изгубил ногата, а мајката претрпела полесни повреди.

Официјалните лица ја затворија областа на Националниот парк Рас Мохамед каде се случи нападот.

Поврзани вести

Трамп очекува во следните неколку дена договор меѓу Русија и Саудиска Арабија за нафтата

Тројца претседатели мочаат по БИХ: Фонтаната „Слога“ ја подели земјата

Александар Петровски

Повеќе од 250 илјади луѓе ги напуштиле своите домови во Сирија

Мајка и три сина починале од коронавирус во период од десет дена

Брнабиќ: Деновиве се вратени околу 60.000 граѓани од странство, меѓу нив има заразени со коронавирус

Коронавирус во Русија: Како Путин го решил проблемот со аптеките што ги зголемиле цените на маските? (видео)