Регион СВЕТ

Хоти: Добив силна поддршка од Макрон и Меркел

Новиот премиер на Косово, Авдулах Хоти, изјавил денеска дека добил силна поддршка од Германија и Франција.

Хоти на Фејсбук напишал дека е „многу среќен да ги сподели“ честитките што ги добил од германската канцеларка Ангела Меркел, додавајќи дека таа „изразила подготвеност за понатамошна соработка и поддршка за Косово“.

Тој додал дека денес имал „пријатен телефонски разговор“ со Емануел Боне, дипломатски советник на францускиот претседател Емануел Макрон, на кого му „се заблагодарил“ за поддршката и подготвеноста на Франција за помош на Косово во евроатлантските интеграции.

Авдулах Хоти ја презеде функцијата премиер на Косово пред четири дена.

Тој пристигнал како косовски премиер од Демократската лига на Косово (ЛДК).

Поврзани вести

Борис Џонсон предлага вонредни избори за 12 декември во Велика Британија

Maja_Serafimova

Трет ден по ред над 50.000 заразени со Ковид-19 во САД

Наскоро 200 луѓе во Германија ќе примат вакцина против Ковид-19

Црна гора и понатаму е „корона фри“

Stefanija Kuzmanovska

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот, досега се заразиле вкупно 24.756.300 лицa

Stefanija Kuzmanovska

Германија: Две кули за ладење на поранешна нуклеарна централа уништени со експлозија (видео)