Регион СВЕТ

Илир Мета: Се прави се што е можно да се извлечат луѓето од под урнатините

Албанскиот претседател Илир Мета, кој го посети Туман, едно од најпогодените места, изјави дека со посебно внимание ја следи ситуацијата по земјотресите што ја погодија неговата земја оценувајќи ја истата како многу драматична.

– Се прави се што е можно да се извлечат луѓето од под урнатините, изјави Мета.

Претходно тој ги посети повредените во клиниката за трауматологија во Тирана.

– Цела Албанија е многу потресена и се надеваме дека нема повеќе жртви. Денес е важно да се биде со луѓето кои имаат потреба. Битно е исто така што побрзо да се евидентираат сите оштетени објекти во погодените области. Би сакал да се заблагодарам на медицинскиот персонал, кој е во целосна готовност,рече Мета.

Претходно и премиерот Еди Рама ситуацијата ја оцени како драматичен момент и оти „заедно ќе се справат со истиот“.

Од Дирекцијата за вонредни состојби за Ора њуз потврдуваат дека под урнатини има многу луѓе и оти се вложуваат максимални напори да се спасат.

Покрај другите структури во справување со ситуацијата вклучени се и над илјада припадници на полицијата.

Поврзани вести

Австралија: Поради силните пожари, луѓето заробени на плажите

Maja_Serafimova

Белата куќа барала 10.000 војници за спречување на протестите

Словенија: Невработените лица во државата ќе добиваат 530 евра месечно

Maja_Serafimova

Пожар избувна во градинка во српски град, евакуирани 150 деца (ВИДЕО)

Александар Петровски

Продолжува штрајкот на просветните работници во Хрватска

Влатко Зорба

Најголема закана за успешната борба на Бразил против коронавирусот е претседателот на таа држава