Вести СВЕТ

Индиската полиција уапси маж кој со цијанид убил 10 лица

Индиската полиција соопшти дека го уапсила 38-годишниот Веланки Симхадри под сомнение дека убил десет луѓе во индиската држава Андра Прадеш ставајќи им цијанис во храната или лековите, а потоа крадел пари, злато или сребро од жртвите.

– Тој на некои од жртвите им давал прасадам, верско јадење во кое ставал цијанид, додека другите ги убедувал дека цијанидот е традиционален лек.

Според полицијата Симхадри го украл имотот на девет жртви.

Тој е уапсен, но против него не е покренато обвинение ниту е одреден датумот за судење.

Во согласност индискиот закон за убиство предвидена е смртна или доживотна затворска казна.

Според полицијата, Симхадри имал големи долгови откако изгубил пари на недвижен имот. Тој почнал да кради пари и злато од познаниците, а подоцна ги убивал со цијанид. Со парите од жртвите Симхадри купил една, и изградил уште една куќа.

Симхадри признал дека убил десет лица и оти ги покрал за да води луксузен живот.
За време на апсењето кај Симхадри се пронајдени 163.400 рупии (околу 2.300 долари) и мало количество цијанид.

Поврзани вести

САД ја купија скоро целата количина на Ремдесивир за наредните три месеци

Коронавирус во Вухан: Може ли Кина да тестира 11 милиони луѓе за 10 денови?

Руски новинари се нашле под оган во Карабах, еден полесно повреден

Stefanija Kuzmanovska

Германија: Протест против вакцините и мерките за заштита

Stefanija Kuzmanovska

5 европски држави каде беснее коронавирусот

Влатко Зорба

Ковид-19: Над 6 милиони активни случаи ширум светот

Влатко Зорба