Вести СВЕТ

Индиски политичар тврдел дека лежење во кал штити од корона, сега е заразен (ВИДЕО)

Индиски политичар кој бил снимен како седи во калта и дува во школка, тврдејќи дека тоа го штити од вирусот корона, бил позитивен на тестот за болеста.

Сукбир Синг Јаунапурија, политичар од северната држава Раџастан, е еден од 24-те членови на парламентот, кои на 4 септември биле позитивни на вирусот корона, објавија локалните медиуми.

Еден месец пред да се разболи, тој објави бизарно видео на Фејсбук во кое се гледа како седи во калливо поле без маица, дува школка, пренесува Дејли мејл.
– Излезете надвор, одете на дожд, седнете во нечистотија, работете на фармата, дувајте во школка и јадете „деси“ работи. Едно лице стекнува имунитет правејќи ги овие работи – рече тогаш.

Деси е индиски израз и значи локален, домороден или чист.

Веста за инфекција на членовите на парламентот дојде во време кога Индија надмина пет милиони потврдени случаи, додавајќи дури 97.894 во средата, објавија властите.

Индија објави повеќе од 83.000 смртни случаи, а дури 1.132 лица починаа меѓу средата и четвртокот.

 

Политичар тврдел дека бањање во кал штити од корона: И сам влегол во кал, сега е заразен

 

Поврзани вести

На 190 вакцини се работи низ целиот свет, 11 се во финиш

Влатко Зорба

Прво електрично теренско возило на Тесла

Влатко Зорба

Лани била најтопла година во Алјаска

После два месеци: Прв ден без новозаразени во Словенија

Во последните 24 часа во Србија починаа 13 луѓе од коронавирус

Протести во Подгорица: Судир со полицијата, се скандира „Мило, крадецу“ (видео)