СВЕТ

ИПИ: Присутна е праксата за неказнивост за убиство на новинар, ниту едно убиство не е решено во целост

Меѓународниот институт за медиуми (ИПИ), денеска соопшти дека демократските земји ширум светот не успеваат да ги заштитат новинарите и не ги истражуваат убиствата и злосторствата против нив.

Според податоци на ИПИ, 40 новинари загинаа изминатата година, од кои 25 се убиени во целни напади во знак на одмазда за нивната работа, често како одговор на извештаите за откривање на корупција или активностите на криминалните групи.

Осум новинари загинаа додека известуваа за судири во Авганистан, во Сирија и во Јемен, додека еден загина додека известувал за граѓански протест.

Шест новинари загинаа извршувајќи различни задачи и тоа два во Сомалија, и по еден во Бразил, Турција, Велика Британија и САД.

Според ИПИ поголемиот број целни убиства се регистрирани на американскиот континент, каде загинаа 18 новинари, од кои девет во Мексико, а по два новинара загинаа во Колумбија, Хондурас и на Хаити и еден во Бразил.

Во соопштението од ИПИ се наведува дека иако во последните 12 месеци е забележан значителен пад на бројот на убиени новинари во споредба со минатата година, кога загинаа 100 новинари, и понатаму е присутна праксата за неказнивост за убиство на новинар.

„Поточно ниту едно убиство од минатата година не е во целост решено, а истрагите за голем број од случаите се задоцнети или воопшто не постојат“, посочува ИПИ.

Дирекеторот на секторот за застапување на ИПИ, Рави Р. Прасад истакна дека „демократските нации мораат да направат повеќе за да ги заштитат новинарите не само од убиства, туку и од онлајн заканите на кои се изложени“.

„Слободата на медиумите е суштински дел од динамичните демократии, но демократските влади не успеваат да ги заштитат новинарите, па дури и да не обезбедат соодветна истрага за убиствата во своите земји“, наведе Прасад.

Примери за неказнивост се убиството на новинарката Дафне Каруане Галисија од 2017 година, како и убиството на колумнистот на „Вашингтон пост“ Џамал Кашоги што се случи на 2 октомври минатата година. Додека во Словачка неодамна се обвинети организаторот и тројца осомничени за убиството на новинарот Јан Куцијак и неговата вереница.

Анализата на ИПИ е објавен воочи 2 ноември кога се одбележува Меѓународниот ден на борба против неказнивост на злосторствата против новинарите.

Поврзани вести

Балтичките земји ги отворија своите граници

Заврши тоалетната хартија во Велика Британија

Stefanija Kuzmanovska

Бугарија двојно ги зголемува субвенциите за Фолксваген

Maja_Serafimova

Бетмобил на улиците на Москва, полицијата го заплени

Пирати киднапирале од брод седум странски државјани, меѓу нив има и Срби

Братот на Џорџ Флојд: Трамп не ми даде можност да зборувам беше тешко  (видео)