Вести СВЕТ

Ирачки свештеник: Конфронтациите меѓу Иран и САД завршија

Влијателниот ирачки шиитски свештеник, Моктада ал-Садр, изјави денеска дека заврши кризата во Ирак, по реториката за дескалација на Иран и на САД и ги повика милициите да не спроведуваат напади.

Нова силна ирачка влада способна да го заштити суверенитетот на земјата и независност треба да се формира во наредните 15 дена, се вели во соопштението на Садр. Според него, Ирачаните се уште треба да се залагаат за протерување на странски трупи.

Ги повикувам ирачките фракции да бидат внимателни, трпеливи и да не иницираат воени активности и да исклучуваат индивидуални екстремистички гласови се додека не се исцрпат сите политички, парламентарни и меѓународни методи, рече тој.

Поврзани вести

Џулијан Кастро ја напушти претседателската трка во САД

Право и правда ја поддржаа кандидатурата на Дуда за претседател на Полска

Влатко Зорба

Канада одбила милион маски од Кина: Неупотребливи се за здравството

НАТО и „Боинг“ потпишаа договор од една милијарда долари

Влатко Зорба

Руската вакцина 2 години штити против корона

Влатко Зорба

ВРЕМЕТО КОГА РУСИЈА И САД ОДЛУЧУВАА Е МИНАТО: Путин наведе кои земји се на пат да станат суперсили

Stefanija Kuzmanovska