Вести СВЕТ

Ирански брод уништен во „пријателски оган“: 19 морнари починале

Бродот „Џамаран“ на иранска воена морнарица случајно погодил друг брод во „пријателски оган“, при што загинале 19 морнари, а 15 се повредени, јавуваат медиумите.

Ова го напиша на Твитер, директорот на политичкиот оддел на иранската информативна агенција „Таксим“, Махди Бахтиари.

Иранските државни медиуми објавија дека тешкиот инцидент се случил во Оманскиот Залив при тестирањето на нов проектил.

„Бродот ‘Конорак‘ е погоден од проектил за време на воена вежба во водите на Бандар-е Џаск. Бродот бил погоден откако ја поставил тренинг-целта на својата позиција, при што не се оддалечил доволно од целта“, објави државната телевизија.

Поврзани вести

САД: Загрижени сме за набавката на руска воена опрема од Србија, вклучувајќи го и системот Панцир С1

Никола Поповски

Русите подготвуваат супер вакцина која ќе ги „уништи“ двата вируси

Берта Китинска

Макрон испрати порака на турски јазик

Влатко Зорба

УНФПА: Околу седум милиони непланирани бремености низ целиот свет како резултат на пандемијата

Stefanija Kuzmanovska

Орбан: Унгарија ја доби првата битка против коронавирусот, но треба да се подготви за потенцијален втор бран

Снимка од мртовечница ја вознемири јавноста: Дали бројките на заразени и починати во Русија се поголеми од официјалните?

Никола Поповски