Вести СВЕТ

Иранскиот принц во егзил: Паѓањето на режимот во Техеран е само прашање на време

Иранскиот принц во егзил Реза Пахлави, син на последниот шах во Иран, синоќа нагласи дека наскоро ќе падне режимот во Исламската Република и го повика Западот да не преговара со лидерите во Техеран.

На прес-конференцијата во Вашингтон, Реза Пахлави направи паралела помеѓу протестните демонстрации во Иран во изминатите месеци и исламската револуција што доведе до пад од власт на неговиот татко во почетокот на 1979 година.

– Паѓањето на режимот во Техеран е само прашање на време, изјави 59-годишниот Реза Пахлави кој живее во предградие на Вашингтон.

– Остануваат само неколку недели или месеци за да се стигне до конечен исход, како во трите последни месеци од 1978 година, пред револуцијата, нагласи тој.

Според него, Иранците може да „почувствуваат таква моќност за првпат по 40 години“. Во изјавата на конференција во Институтот Хадсон, Пахлави ја поддржа политиката на „максимален притисок“ на Трамп врз Иран.

Поврзани вести

Германски медиуми: Минатото дојде по Тачи, тој отсекогаш бил „американски човек“

Ерменскиот премиер: Турски воени офицери се на чело на Азербејџан

Влатко Зорба

Семејството по грешка му го исклучило респираторот за да вклучат клима уред, починал после половина час

Независна анализа ќе утврди што тргнало наопаку со оксфордската вакцина

Влатко Зорба

Се урна мост стар 90 години во Русија (видео)

Грета Тунберг ќе биде водителка на емисија на Би-Би-Си на Божик

Влатко Зорба