Вести СВЕТ

Истакнат германски виролог ги побива сите теории на заговор за Ковид-19

Еден од водечките германски вирусолози, професорот Хендрик Штрек, директор на Институтот за вирусологија на Универзитетската клиника во Бон, го кажал својот став за ДВ кога станува збор за најпознатите теории на заговор или прашања на темата коронавирус.

1. „Вирусот воопшто не е толку опасен, опасноста ја надувуваат медиумите, политичарите и научниците“.

Хендрик Штрик: Тоа не е точно! Сите досега спроведени студии, како што се оние во САД, кои имаат тенденција да сугерираат помала смртност, како и други студии кои сугерираат поголема смртност, недвосмислено покажуваат дека смртноста од коронавирус е дефинитивно поголема од онаа на обичниот грип.

Ние во округот Хајнсберг (едно од првите жаришта на пандемијата во Германија) откривме дека коронавирусот е најмалку четири пати поопасен од сезонскиот грип. Сепак, секогаш треба да се земе предвид во кој дел од популацијата се врши тестот. Тоа е вирус кој треба сериозно да се сфати, но повторно не е премногу драматизиран.

2. „Политичарите и медиумите секојдневно презентираат драматични податоци за бројот на заразени лица. Но, јас не познавам некој што се заразил со Ковид-19“.

-Па, да речеме, имам две лица во моето семејство кои имаат коронавирус.

3. „Многу луѓе умираат во Италија или САД. Не тука. Има нешто сомнително!“

-И во Германија умираат од коронавирус. Во Италија и САД, инфекцијата се шири многу брзо. Значи, голем дел од населението се заразило и на тој начин болниците брзо ги достигнале границите на нивниот капацитет. Вирусот навлезе таму во области каде што постои голем ризик пациентите да умрат од вирусот. Во Германија, успеавме да ги ослободиме овие области од вирусот.

4. „Во последно време имаше толку големи протести против мерките за корона. Дали имаше ненадејна појава на заразени после тоа? Не!“

Протести се одржуваа надвор каде можноста за пренесување беше помала. Покрај тоа, тешко е да се заклучи дали оние што се на пр. беа на протестите во Берлин и се вратија во своите градови заразиле многумина. Полесно би било да се извлечат заклучоци доколку сите демонстранти доаѓаат од ист град, вели  вирологот.

5. „Досега вирусот мутирал многу пати, така што вакцината воопшто не би помогнала. Или, како и со грипот, секоја година треба да се вакцинира против нов вид “.

Тоа не може да се тврди. Вирусот мутира, но не толку силно како кај обичниот грип. Дали треба да се вакцинираме на крајот од секоја година, сè уште не можеме да кажеме бидејќи сè уште нема вакцина.

6. „Мерките на режимот на короната се целосно претерани. Си ја сакам слободата назад“.

Знаеме дека мерките како носење маски, држење на растојание и миење раце помагаат и спречуваат инфекции.

Покрај тоа, овие мерки придонесуваат за фактот дека ако некој е заразен со вирусот, тој да биде со полесна клиничка слика, па симптомите во неговиот случај да се многу послаби. Дозата на вирусот е клучна. Значи, овие мерки се грижат и за поблаг тек на болеста.

7. „Вирусот потекнува од лабораторија во Кина или е ослободен ненамерно“

Многу е малку веројатно дека овој вирус потекнува од лабораторија. Од една страна, такво нешто, колку што знам, воопшто не се прави. Значи, не работиме на создавање нови вируси затоа што е премногу опасно. Од друга страна, потеклото на вирусот не може да се утврди. Тој ги нема гените што нормално ги наоѓаме во природата.

Исто така, морам да кажам дека лабораториите како оние во Кина содржат многу безбедносни бариери низ повеќе простории низ кои вирусите или бактериите воопшто не можат да поминат случајно. Но, тоа е тешко да се докаже. Но, исто така е тешко да се докаже спротивното.

8. „Дозволете ми да се заразам, јас сум млад и сум во полна сила. Ако се разболам, ќе имам само благи симптоми“.

Статистички гледано, младите навистина се разболуваат со благи симптоми и честопати сè поминува без никакви симптоми. Значи, статистички гледано, ова е вистина. Но, се случува младите да се разболат со тешки симптоми, па дури и да починат. Исто така, пријавени се и такви случаи.

Професорот Хендрик Штрик е еден од водечките експерти во Германија кога станува збор за коронавирус. Директорот на Институтот за вирусологија на Универзитетската клиника во Бон спроведува долгорочна студија за текот на заразата во областа Хајнсберг.

Поврзани вести

Помпео врши притисок врз европските земји да ги примат назад своите граѓани заробени во Ирак и Сирија како борци на ИД

Шпанија ги заострува мерките, става во карантин цели квартови во Мадрид

Влатко Зорба

Алијев: Не смееме да дозволиме конфликтот во Нагорно Карабах да се прелее преку границите

Влатко Зорба

Каква е состојбата на крузерот „Дајмонд Принцес“: Даниел од Србија кажува за атмосферата во карантинот (фото)

Никола Поповски

Кои се новите симптоми на коронавирусот кај пациентите со тешка клиничка форма на болеста?

Трамп се закани дека ќе сопре со финансирање на СЗО: Навистина згрешија!

Влатко Зорба