ЕУ СВЕТ

Италија бара меѓународна поддршка во борбата со Ковид-19

Италијанската Влада повика за меѓународна поддршка во напорите за спречување на ширењето на инфекцијата со новиот коронавирус во државата, каде што бројот на заразени достигна 477, а бројот на починати од петокот досега – 12.

Инфицираните лица кои дошле од Италија, ја пренеле болеста во неколку земји во Европа, па дури и во Бразил, која стана првата земја од Јужна Америка каде го има вирусот. Владата на Џузепе Конте ги повика своите европски соседи на соработка, а не за изолација и дискриминација.

– Вирусите не знаат граници и тие не ги запираат, рече министерот за здравство Роберто Сперанца на почетокот на кризната средба во Рим со претставници на Светската здравствена организација и Европската унија.

Кабинетот на Конте го бранеше начинот на кој се реагира во вонредната ситуација во државата, но ја потврди нејзината неможност да го открие потеклото на двете жаришта на зараза во северните провинции Ломбардија и Венето.

Поврзани вести

Медведев: Нема планови да се забрани ЈуТјуб во Русија

Maja_Serafimova

Главниот епидемиолог на САД : Не е исклучено целата држава да оди во карантин

Курц: Ердоган ги злоупотребува бегалците за да изврши притисок на ЕУ

Петмина припадници на домородно племе се убиени во Колумбија

Maja_Serafimova

Трамп: Демократите со помош на Ковид-19, ќе ги украдат изборите

Никола Поповски

Во болнички ходник куче три месеци верно го чекаше неговиот сопственик, кој почина од коронавирус

Stefanija Kuzmanovska