СВЕТ

Италија: Благ пораст на починати, стабилен број новозаразени

Бројот на починати од коронавирус во Италија денес се зголеми за 79, што е благ пораст во однос на вчерашниот ден, кога изнесуваше 65. Ова го соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Бројот на новозаразени лица се зголеми за 283, што е скоро идентично со вчерашниот ден, кога беше 280, наведе Агенцијата, пренесе „Ројтерс“.

Вкупниот број на починати е 34.043, што е четврти најголем број во светот по САД, Велика Британија и Бразил.

Агенцијата за цивилна заштита соопшти дека од 79 смртни случаи, 32 се регистрирани вчера во Абруцо, но надлежните од тој регион не ги пријавиле.

Вкупниот број на заразени од коронавирус во Италија сега е 235.561, што е седми најголем број во светот по САД, Русија, Бразил, Шпанија, Велика Британија и Индија.

Поврзани вести

Поради туризмот, Хрватска целосно ги отвора своите граници за граѓаните на 10 земји

Шабац: Дедо го возел внукот на велосипед, па починал

Лидерите повикаа на поголема соработка по пандемијата – собир без САД, Кина и Русија

Stefanija Kuzmanovska

Коронавирус во светот: 34 земји немаат пријавено ниту еден случај на инфекција

Мас: Една од задачите на Берлин ќе биде стабилизирање на Западен Балкан преку приближување во ЕУ

Сорос контра Фејсбук: Време е Закерберг да се повлече