Вести СВЕТ

Италија: Четири области се уште немаат стабилни епидемиолошки податоци

Во регионите во северна Италија – Ломбардија, Пиемонт, Лигурија и Трентино – сè уште немаат стабилни епидемиолошки податоци, што ги прави се уште за најранливи, пренесува Танјуг.

Но, додава дека повеќето од 4,5 милиони луѓе што се вратиле на работа во Италија од 4 мај се од тие области.

Овие четири области во Италија се уште се во „прва фаза“, поради што повторното отворање и започнување со активност на 4 мај може да ја влоши ситуацијата со коронавирусот, се вели во студијата на Фондацијата Гимба.

Постепено зголемување на деловните активности

Според анализата на податоците од 22-29 април, бројот на нови заразени случаи во Лигурија се зголемил за 14 проценти, во Пиемонт за 13,7 проценти, додека просекот во цела Италија изнесувал 8,7%.

Како што е наведено, регионите во северна Италија се „подложни на зголемување“, со исклучок на регионот Фурланија.

Италија, со повеќе од 27.000 жртви на вирусот КОВИД-19, е една од најтешко погодените земји во пандемијата.

По скоро два месеца од блокадата, на 4 мај, започнува постепеното започнување на деловните активности и поголемата слобода на движење за луѓето во регионите.

Поврзани вести

Трамп е подобро, може да ја напушти болницата утре

Влатко Зорба

Словенија воведува забрана за движење меѓу општините

Никола Поповски

Паника во Лос Анџелес: Редици за да се купи оружје (видео)

Трамп: Ја повлековме тужбата во Мичиген затоа што победивме

Влатко Зорба

Пакети со кокаин пристигнуваат на француските плажи на Атлантикот

Овој човек има причини за радост: Позитивен на се, само на коронавирус не (ФОТО)

Александар Петровски