СВЕТ

Италија: Нови 130 починати од коронавирус, бројот на заразени се зголеми за 652

Уште 130 пациенти со коронавирус починаа денес во Италија, што е помалку од претходниот ден, објави Агенцијата за цивилна заштита.

Така, вкупниот број на жртви од почетокот на епидемијата достигна 32.616, според кои Италија се уште е на третото место во светот, по Соединетите држави и Велика Британија.

Бројот на заразени лица е зголемен за 652, така што вкупниот број заразени од почетокот на епидемијата е 228.658.

Статистичарите сметаат дека во Италија, како и во многу други земји, многу повеќе луѓе починале од вирусот отколку што покажуваат официјалните податоци, затоа што многу починати пациенти не биле претходно тестирани за „Ковид 19“, пренесува Ројтерс.

Италија, која има население од 60 милиони, досега тестирала 2,12 милиони граѓани.

Поврзани вести

Вознемирувачки слики од погодениот водач на кавачкиот клан од болницата: И неговата сопруга излегла да го брани (фото)

СЗО: Не е сигурно која е причината за новото ширење на вирусот

Stefanija Kuzmanovska

Путин и Ердоган на 22 октомври ќе се сретнат во Сочи

Maja_Serafimova

САД имаат распоредено 150 нуклеарни ракети: Кои европски земји и бази се нивни складишта?

„Стандард и Пурс“: Албанската економија е под закана од пад на инвестиции

Бајден: Трамп да ги ублажи санкциите кон Иран за време на пандемијата на Ковид-19