Вести СВЕТ

Италија: Во еден ден од коронавирус починале 168 луѓе, најмногу досега

Во Италија, бројот на загинати од коронавируси е најголем досега, со повеќе од 10,000 заразени.

Најмалку 631 луѓе досега починале од коронавирус во Италија, што е зголемување од 168 за еден ден.

Растот од 36% е најголем откако инфекцијата за првпат се појави на 21 февруари, објави „Скај њуз“. Скоро илјада нови случаи се регистрирани во последните 24 часа, со што е достигнат бројот од 10.149.

Шефот на државната агенција за цивилна заштита рече дека 877 лица биле на интензивна нега – споредено со 733 во понеделникот. Нешто повеќе од 1.000 сега се целосно опоравени.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте ја прогласи цела Италија за „црвена зона“ пред 24 часа, со што ги прошири мерките за коронавирус на целата земја. Конте рече дека патните ограничувања и другите строги забрани за јавно здравје ќе бидат проширени низ целата земја, додавајќи дека мерките ќе бидат во сила до 3 април.

Поврзани вести

Бројот на заразени со коронавирусот во светот се доближи до два милиони, со речиси 120.000 починати

Жена која исчезнала пред две години, рибарите ја нашле како жива плови по морето (ВИДЕО)

Александар Петровски

Пјонгјанг не ги коментира наводите за здраствената состојба на Ким Џонг-ун

Stefanija Kuzmanovska

Дубаи ги отвора границите за туристи на 7 јули, а ПЦР-тестот ќе биде задолжителен

Stefanija Kuzmanovska

Трамп не ја отфрла можноста за олеснување на рестриктивните мерки во некои држави

Параноја на Вашингтон: Москва ги отфрла обвинувањата за повторно мешање на Русија во претседателската кампања на САД

Никола Поповски