Вести СВЕТ

Италијанец кој бил на интензивна нега поради коронатавирусот го опиша своето искуство (видео)

Во Италија, 7.500 луѓе починале од коронавирусот, но 9.362 се опоравиле. Еден од нив е и Фаусто Русо, 38-годишен, кој се наоѓал на интензивна нега во еден мал град Латина, во близина на Рим. На крајот, тој успешно се опоравил од болеста.

Преку видео, тој го опишал своето искуство.

“Коронавирусот ми помогна да ги ценам малите работи во животот што не ги ценев доволно. Живеење, дишење, одење, гушкање некого, пиење чаша вино, ова се работи кои одеднаш ти се многу важни затоа што ти биле одземени. Слобода. Кога сте внатре, не знаете што се случува надвор од вашата соба, лекарите ве прегледуваат, но имате минимален контакт со другите. Многу е пусто, семејството и пријателите не можат да бидат близу до вас, а клучот е тоа да бидете трпеливи. Ова искуство ми го смени животот”, рече Русо.

Погледнете го целосното негово сведочење во видеото подолу:

Поврзани вести

Шест заразени со новиот коронавирус во Албанија

Руски суд ги казни Фејсбук и Твитер со по 58.000 евра

Сомнеж за коронавирус: Русинка побегна од карантин, недостапна за полицијата

Никола Поповски

Ким Џонг-ун денеска се појави во јавност по три недели отсуство

Stefanija Kuzmanovska

Анкета: Бугарите имаат најпозитивно мислење за Макрон и Папата, најмалку ги сакаат Ердоган и Трамп

Никола Поповски

Состојба со КОВИД-19 во светот до 17 часот

Влатко Зорба