ЕУ СВЕТ

Италијански вирусолог: Нов карантин би бил смртоносен

Италијанскиот вирусолог Џорџо Палу изјави дека вирусот корона е опасен, смртоносен за некои, но дека, генерално, смртноста е мала, и секако не е на ниво на чума.

„Ние мора да престанеме со оваа хистерија“, рече Палу во интервју за дневниот весник „Кориере дела сера“, кој се смета за главен весник на индустријата.

Тој предупреди дека новиот карантин на целата територија на Италија ќе биде „самоубиство за економијата, казна за студентите и учениците и ќе значи дискриминација на оние кои страдаат од други болести, пред се од карцином, бидејќи за нив нема да има место во болниците“.
Палу, професор на Универзитетот во Падова и поранешен претседател на Европската асоцијација на вирусолози, рече дека „состојбата во единиците за интензивна нега е веродостоен индикатор за инфекција со ковид-19, бидејќи само тие податоци даваат реална слика за инфекцијата“.

Неговиот став за епидемиолошката состојба е во јасна спротивност со апелите испратени до владата деновиве од научници и јавни работници, но и со наодите на две институции кои се сметаат за врховен орган за здравството, Министерството за здравство и Високиот институт за здравство.

Поврзани вести

Трамп одлучи: ТикТок доби забрана во САД

Александар Петровски

Шведска: Ја обезглавил својата поранешна девојка затоа што мислел дека е Сатана која работи против Трамп

Во Австрија издадена уредба за постепено враќање на економијата

Скоро 35.000 новоинфицирани за само еден ден во Италија

Берта Китинска

Бројот на починати од коронавирусот во Турција се искачи на 59

Бадник и Коледе по светот

Maja_Serafimova