Регион СВЕТ

Избрана новата влада на Косово

Собранието на Косово гласаше за новата Влада предводена од Авдулах Хоти од Демократската лига на Косово. За неа гласале 61 пратеник, а 24 биле против.

Новата влада ја поддржаа и пратениците од Српската листа, што претходно го најавило и претседателот на нивната парламентарната група, Игор Симиќ, во своето обраќање пред косовскиот Парламент.

Претходно беа презентирани имињата на идните министри во владата предводена од Хоти – Дритон Селманај, вицепремиер, Агим Вељиу, министер за внатрешни работи, Арбан Абраши, министер за инфраструктура, Антон Куни, министер за одбрана, Вљора Думоши, министерка за култура, млади и спорт, Арменд Земај, министер за здравство, Хикмете Бајрами, министерка за финансии и Бесијан Мустафа, министер за земјоделство.

Хоти во своето излегување истакнал дека еден од приоритетите ќе биде преземање на одговорноста за дијалогот со Белград во соработка со ЕУ и САД, потоа борбата против епидемијата на коронавирусот и закрепнувањето на економијата.

Хоти посебно посочил дека новата влада ќе преземе одговорност за дијалогот со Белград и дека во тој процес, како што вели, целосно ќе го почитува уставот „Косово“.

Поврзани вести

Во Африка бројот на заразени зголемен за 43 отсто

Stefanija Kuzmanovska

Руските научници тестираат метод за примена на хелиум во третманот против коронавирусот

Скандал на состанокот на Вархеји со Дачиќ: „Кутиш додека се ограбуваат манастири на Косово“

Никола Поповски

На Австријците им дошло преку глава од неонацистите: Куќата на Хитлер се претвора во полициска станица

Ден на жалост утре во Албанија

Влатко Зорба

Коронавирус во САД: Дали економијата е поважна од болеста?