Вести СВЕТ

Излечен најстариот пациент од коронавирус (видео)

Најстариот пациент излечен од коронавирус во Кина има 98 години и страда од други хронични заболувања, иако експертите велат дека инфекцијата е фатална за стари лица и лица со некои сериозни хронични заболувања.

Според кинеските медиуми, 98-годишниот пациент целосно се опоравил и бил пуштен од болницата, каде што престојувал од 3 февруари.

Станува збор за католички епископ во пензија од кинескиот град Нанџанг, Жу Бајоу, објави италијанскиот „Asia News“, официјалниот портал на мисионерската организација „Папски институт за надворешни мисии“.

Жу беше хоспитализиран во болницата во Нанјанг и пред да биде заразен со коронавирус, страдал од неколку хронични состојби, како што се срцеви аритмии или акумулација на вода во белите дробови.

Тој бил католички свештеник повеќе од шест децении и прогласен за епископ во 1995 години. Се пензионирал поради лошата здравствена состојба во 2010 година и сега ја носи титулата почесен епископ.

#98岁新冠肺炎患者成功治愈

【#98岁新冠肺炎患者成功治愈】2月14日,河南98岁高龄的新冠肺炎患者在南阳市中心医院成功治愈,这也是目前全国治愈的最高龄的新冠肺炎患者。患者2月2日检查新冠病毒核酸阳性,12日起连续两日核酸检测阴性,14日肺部CT显示下肺感染明显吸收,经专家会诊确认已治愈。

Gepostet von 人民日報 am Samstag, 15. Februar 2020

Поврзани вести

Најмалку пет жртви во пожар во Стразбур

За да го осудат „Црниот петок“, активисти од еколошките движења спроведоа протести низ Франција

Протестите на пензионерите и таксистите предизвикаа сообраќаен колапс во Белград

Maja_Serafimova

Бајден на митинг во Њу Хемпшир: Трамп мора да биде отповикан

user5

Во Белград почна протестот „1 од 5 милиони“

Леб и бело пециво во Солун можат да се купат и со биткоин

Maja_Serafimova