Вести СВЕТ

Израелскиот претседател му го даде мандатот за формирање влада на Бени Ганц

Израелскиот претседател Рувен Ривлин денеска ќе му даде мандат на лидерот на партијата Бело – Сино, Бени Ганц да формира коалициска влада, соопшти кабинетот на шефот на државата.

Од кабинетот се наведува дека мандатот ќе му биде даден на Ганц бидејќи досегашниот премиер на Израел, Бенјамин Нетанјаху не успеа да формира влада.

Нетанјаху претходно изјави дека се откажува од напорите да формира нова влада, откако не успеа да обезбеди мнозинство во Парламентот по септемвриските избори.

Лидерот на партијата Ликуд истакна дека му го враќа мандатот на претседателот Ривлин, откако се обиде „да воспостави влада на широко единство“.

– Последните неколку недели се обидував да го седнам Ганц на преговарачка маса, да формирам влада на широко единство и да избегнам нови избори, нагласи Нетанјаху.

Партијата на Ганц во кратко соопштение наведе дека е одлучна да формира либерална обединета влада.

Доколку и Ганц не успее да формира влада, тоа веројатно ќе доведе до нови парламентарни избори, трети од април досега.

На изборите одржани минатиот месец, Ликуд на Нетанјаху освои 32 места во Парламентот, а партијата Бело – Сино на Ганц 33, од вкупно 120 пратенички мандата

Поврзани вести

Вонредната финансиска помош од 800 евра во Грција за 1,7 милиони вработени

Лукашенко им објасни на Белорусите како може да се излечи коронавирусот

Масачусетс е првата американска држава која трајно ги забрани ароматизираните течности за електронски цигари

Хрватска: Шестте тестови за коронавирусот се негативни, пет нови сомнителни случаи во Риека

Никола Поповски

Шефот на СЗО: Коронавирусот е многу сериозна закана за светот

Никола Поповски

Сенатот на САД го усвои буџетот за 2020 година во износ од 1,4 трилиони долари