Регион СВЕТ

Јанша е за Трамп: На светот му треба силен американски претседател

Словенечкиот премиер Јанез Јанша го поддржал американскиот претседател Доналд Трамп во борбата за втор мандат во Белата куќа, додавајќи дека кандидатот на Демократската партија, Џозеф Бајден, ќе биде слаб лидер.

Јанша соопштил дека „го почитува тешкиот и трагичен личен живот на Бајден и некои од неговите политички успеси“, пренесува АП.

Синот на Бајден, Бо, почина од рак во 2015 година, а претходно неговата сопруга и ќерка починаа во сообраќајна несреќа.

„Ако биде избран, Бајден ќе биде еден од најслабите претседатели во историјата, додека на слободниот свет, како никогаш досега, очајно му требаат силни САД“, рече Јанша, изразувајќи поддршка за Трамп.

Подршката од Јанша за Трамп беше очекувана поради тоа што обајцата и припаѓаат на десницата како идеолошка матрица а не треба да се заборави и дека сопругата на Трамп, Меланија е Словенка.

Поврзани вести

Германија на работ на уште поригорозна блокада

Берта Китинска

Метеоролозите објавија прогноза: Не чека жешко лето, температурите ќе бидат над 40 степени

Дачиќ: Кој оди на протести, ќе биде исклучен од партијата

Влатко Зорба

КОРОНАТА НИКОГАШ ПОБРЗО НЕ СЕ ШИРЕЛА: Повеќе од 8,7 милиони луѓе заразени ширум светот

Stefanija Kuzmanovska

„Еј-Би-Си“ отпушти известувач поради сериозна грешка во известување за несреќата на Коби Брајант

Силен земјотрес ги вознемири жителите и туристите на Родос