Вести СВЕТ

Јапонија: Немаат канти за ѓубре, ниту ѓубреџии, а се е чисто

Повеќето посетители кои се првпат во Јапонија се шокирани колку е таа чиста земја. А потоа забележуваат дека никаде нема канти за ѓубре. Ниту илични чистачи. И така се запрашуваат: Како Јапонија останува толку чиста.

Одговорот е дека таква ја одржуваат самите жители.

„За време на 12 години школски живот односно од основно до средно образование време за чистење е најнормален дел од секојдневните ученички обврски“, вели Маико Аване, владин претставник на префектурата Хирошима.

„Дури и дома, родителите не учат дека лошо е за нас доколку не ги одржуваме работите и нашиот простор чисти.“

Вклучувањето на овој елемент на општествена одговорност во школската програма им помага на децата да развијат свест за сопственото опкружување и да бидат горди на него.

И како што растат децата нивното сфаќање на она што го прави нивниот простор се проширува надвор од школото на нивното соседство, град, земја.

Некои примери на екстремната јапонска чистота станаа и вирални, како на пример седуминутниот ритуал на чистење воз Шинкансен кој стана и туристичка атракција.

Дури и јапонските навивачи се совесни по прашање на чистењето.

На СП во Бразил (2014) и Русија (2018) навивачите на националниот тим го воодушевија светот откако по мечевите го собираа ѓубрето од стадионот. Исто и играчите ги оставија соблекувалните беспрекорно чисти.

Слични работи се случуваат и на јапонските музички фестивали.

Пушачите се советуваат да понесат портабл пепелник и да се воздржат од пушење таму каде димот им пречи на останатите, се вели во упатствата на интернет страницата на фестивалите.

Децата доброволно се пријавуваат за месечно чистење на заедницата, собирање ѓубре од улиците близу нивните училишта.

Чистотата е дел од будизмот, религија која стигнала од КИна и Кореја меѓу 6 и 8. век.

„Сите активности во секојдневниот живот како јадење, подготвување на оброк и чистење на просторот се сметаат за практикување на будизам“, вели Ерико Кувагаки од храмот Шиншоџи во Фукујама.

Ако живеете во Јапонија наскоро ќе почнете да се прилагодувате на чистиот начин на живот.

Поврзани вести

Српскиот министер за здравство: Се уште никој нема измислено ветер за растерување на загадувањето

Никола Поповски

Велика Британија го суспендира издавањето дозволи за извоз на оружје во Турција

user4

„Њујорк Пост“: Почина лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун!

Влатко Зорба

Трамп се избламира: Сака да гради ѕид и во земја која воопшто не се граничи со Мексико! (ВИДЕО)

Maja_Serafimova

САД имаат распоредено 150 нуклеарни ракети: Кои европски земји и бази се нивни складишта?

Путин-Вучиќ: За косовската криза мора да се почитува суверенитетот и интегритетот на Србија