Вести СВЕТ

Јапонски научници: Ширењето на новиот коронавирус може да трае и повеќе од една година

Ширењето на новиот коронавирус нема да запре со настапувањето на топлото време и може да трае повеќе од една година. Тој став беше објавен на специјална пресконференција од група јапонски експерти и научници кои се членови на посебна владина комисија за борба против ширењето на коронавирусот, јавија јапонски медиуми.

– Ширењето може да трае од неколку месеци до шест месеци, и можно е тоа да трае и повеќе од една година, нагласи еден од експертите.

Според нив, новиот коронавирус „за разлика од обичниот грип, не е вид вирус, што исчезнува со доаѓање на топло време“.

Членовите на таа комисија укажаа дека во државата досега успеале да спречат „експлозивно ширење на вирусот“. Во моментот во Јапонија има заразаени над 1.200 луѓе, и 16 починати. Најголем дел од заразените (696) се патници и екипаж на крузерот Дајмонд принцес.

Поврзани вести

Без оглед на причината за експлозиите во Бејрут, виновник е само еден?

Stefanija Kuzmanovska

Лекарите ги објаснуваат симптомите на корона, а ова е најбитно во детекција на вирусот

Бројот на заразени со корона во светот надмина 45 МИЛИОНИ! Само во Америка над 230.000 жртви, 82.230 лица во моментов се во критична состојба

Stefanija Kuzmanovska

Во Србија од загаден воздух годишно умираат 3.600 луѓе

Граѓаните на Пекинг не смеат да ги напуштаат домовите: Нови рестрикции поради пазарот Синфади

„Уапсете го шефот на Твитер“: Поранешниот советник на Трамп бесен поради цензурата

Stefanija Kuzmanovska