Регион СВЕТ

Јеремиќ: Бојкот на изборите, не можете да бидете паразит во системот кој сакате да го промените

Претседателот на Народната партија на Србија, Вук Јеремиќ изјави дека бојкотот на изборите е единствениот чесен и вистински пат за да се почне со промена на системот кој се заснова на лага.

Тој во Крушевац разговарал со членовите на локалните одбори на Народната партија од Расинскиот округ, истакнувајќи дека партијата ќе ги бојкотира парламентарните, и локалните избори затоа што како што оцени „не можете да бидете паразит во системот кој сакате да го промените“

„Ние во ова сме искрено до крај, нема лага и измама, креирање на фантомски групи граѓани, Народната партија не е дел од таков вредносен систем. Дадовме збор, ќе ги бојкотираме републичките, покраинските и локалните избори, кој тоа не е во состојба да го направи за него нема да има место во Народната партија. Тоа не го одлучив јас, тоа е одлука на партиските органи“, наведе Јеремиќ.

Според неговите зборови кампањата на бојкотот ќе биде интензивна „како кога станува збор за кампања за избори“.

Поврзани вести

Турското Министерство за одбрана ќе стане главен донатор на Војската на Црна Гора

Maja_Serafimova

Болсонаро ги повика своите приврзаници да се откажат од демонстрации

Хрватски научник: Мигрантите не се закана за ширење на коронавирусот

Влатко Зорба

Шпанска специјалка едвај спаси „жива глава“ од толпата во Барселона (ВИДЕО)

Maja_Serafimova

Куомо: Сите граѓани на Њујорк мораат да носаат заштитна маска во јавноста

Пожар избувна пладнево во хотел во Атина

Maja_Serafimova