Вести СВЕТ

Јужнокорејската разузнавачка агенција тврди дека Ким Џонг Ун немал операција на срце

Јужнокорејската разузнавачка агенција денеска објави дека нема знаци оти лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун имал операција на срцето.

Ким не беше виден во јавност три недели, што предизвика шпекулации за неговото здравје и за тоа каде се наоѓа, а потоа се појави во саботата.

Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја (НИС), на состанок со пратениците зад затворени исто така наведе дека Ким се појавил во јавност 17 пати оваа година, помалку од кога било, пред се поради неговата посветеност на домашните проблеми и влијанието на пандемијата на коронавирусот.

– Се проценува дека Ким немал операција или медицинска процедура на срце, рече пратеникот Ким Бјунг-ке од владејачката Демократска партија.

Агенцијата исто така навела дека Ким годинава имал 66 отсто помалку активности во јавност од вообичаеното.

Поврзани вести

Братот на претседателот Хондурас, прогласен за виновен поради трговија со кокаин

Maja_Serafimova

САД: Лекот „ремдесивир“ го забрзува за 31 отсто лекувањето од КОВИД-19

Влатко Зорба

Соборен азербејџански хеликоптер и нападната воена база (ВИДЕО)

Stefanija Kuzmanovska

Бремена медицинска сестра во 9-ти месец ги лечи заболените од вирус (ВИДЕО)

Александар Петровски

Прекинато судењето на лекарот кој и помогна за Бин Ладен

user4

Здравствена криза во Унгарија: Петиција на над 20.000 медицински сестри

Stefanija Kuzmanovska