СВЕТ

Како Германија сака да се врати во нормала по коронавирусот?

Враќање во нормала, без да му се даде на коронавирусот нови можности за експлозивно проширување: ова беше предмет на интензивна дискусија во текот на последните неколку дена од страна на група од 14 научници во Германија, предводена од претседателот на „Ифо“, Клименс Фуст. Овој петок, групата претстави груб план: се вели дека на Германија и е потребна фазна програма за да се ослободи од националните ограничувања за блокадата.

Тешкотиите со кои се соочуваат економистите, виролозите, фармацевтите, технолошките експерти, социјалните психолози, лекарите и стручните лица за етика при изготвување на планот, се видливи и во резултатот: сè уште е прилично лабава мешавина од можни градежни блокови за излегување од блокадата на земјата.

Од една страна, се тврди дека вирусот се шири на многу контролиран начин во Германија, но од друга страна, економијата мора повторно да се врати во нормала што е можно побрзо. Училиштата треба да се отворат што е можно поскоро, бидејќи загубите во образованието исто така чинат пари, а стресот кај семејствата му штети на општеството и, следствено, на економијата.

Заштитата на возрасните и лицата со коморбидитет од инфекција не може да биде економична, велат од групата. Значи, не е лесно да се одлучи кој социјален сектор да се отвори, каде и по кој редослед.

Документот со 37 страници на кој работеше и инфектологот од Хелмхолц, Џерард Краузе, новиот „економски мудрец“ Вероника Грим и специјалист за етика – Кристијан Вупен, исто така, не е реален план, завршена стратегија. Но, документот ги структурира елементите од кои федералните и локалните самоуправи можат да развијат план за нормализација.

Затоа, стратегијата за нормализација никогаш не може да биде целосно завршен план – сè што е наредба од владата мора да биде флексибилно прилагодено на ширењето на вирусот, во зависност од регионалниот развој.

И за таа цел, и на научниците и на политичарите им се потребни многу побрзи и подобри податоци многу побрзо. Групата смета дека екстензивното тестирање, вклучително и оние кои веќе поминале незабележано преку инфекцијата, се неопходни – како и структура базирана на ИТ која овозможува брзо откривање на нови извори на вируси и сигурна заштита на ризичните групи.

Прво, и пред да бидат одобрени карантински мерки, здравствениот систем мора дополнително да се зајакне: Заштитна облека и маски мора да се произведуваат во големи количини во Германија, а производствените капацитети за вакцини и лекови, исто така, мора да се одржуваат во земјата.

Подеднакво е важно да се прошири помошта и поддршката на ризичните групи, т.е. привлекувањето повеќе медицински сестри не е лесна задача со оглед на недостаток на персонал во оваа професија.

Под услов здравствениот систем да не е повеќе во опасност, групата препорачува „диференцирано постепено отворање“ на различни сектори според ризикот од инфекција.

Целосно автоматизирани фабрики не треба да бидат блокирани, а индустриите каде е можно работење од дома треба да продолжат да работат на таков начин, во области со низок процент на зараза треба да бидат затворени помалку бизнис, отколку во региони со висок. Приоритет треба да се даде и на отворањето бизнис на индустриски компании со висока додадена вредност.

Голема тешкотија со сето ова е што треба да се откаже одредено олеснување доколку стапката на инфекција се зголемува регионално. Затоа, научниците веруваат дека комуникацијата е клучна.

Политичарите кои треба да формираат штабови на сојузно и на локално ниво, секогаш треба јасно да кажат што порачуваат, зошто и колку долго. Тие, исто така, искрено мора да кажат дека враќањето во нормалност „веројатно е можно, но само бавно“.

Комуникацијата треба да промовира „чувство на благосостојба“ и да не ветува ништо што не може да се почитува. Ризиците не смеат да се намалат или преувеличуваат.

За канцеларката Ангела Меркел и премиерите во покраината, тоа значи дека по Велигден, итно ќе треба да им кажат на луѓето како ќе одат работите – локално.

Меѓутоа, германските научници конкретно споменуваат важна цел: прво треба да се отворат училишта и градинките, затоа што во нив ќе се вратат „помалку ранливите луѓе“.

Поврзани вести

Американските експерти згрозени од предлогот на Трамп за инјектирање средства за дезинфекција: „Несфатливо е како луѓето мислат дека тоа е во ред“

Повторно се појавија новозаразени со Ковид-19 во Словенија

Грчки министер сам ќе плати 12 илјади евра за кршење новогодишна пита со паричка за вработените

Проголтал 34 пакувања течен кокаин на аеродромот во Атина

Maja_Serafimova

Помпео ја обвини кинеската Комунистичка партија дека навремено не го предупредила светот за коронавирусот

Четворица Хрвати и една Македонка криумчареле мигранти

Никола Поповски