ЕУ СВЕТ

Како изгледа кога Москва ќе запре (ВИДЕО)

Московските власти усвоија серија мерки со кои целосно се ограничува движењето на сите граѓани, освен во исклучителни случаи, и еве како изгледаат улиците на метрополата.

Во Москва, привремено се затворени трговски центри, ресторани, музеи, библиотеки, театри, кина, спортски сали, детски игралишта … Скоро сè освен болниците, прехранбените продавници, аптеките, комунални служби и низа други витални активности чија работа е неопходна за непречено функционирање на градот и државата. Градскиот и меѓуградскиот превоз се одвива редовно, иако соро и да нема патници.

Откажани се и форумите, тркалезните маси, културни и спортски настани и сите масовни собири. Металните огради се поставени на влезот на парковите со извстувања дека привремено се затворени за посетителите.

Молитвите се откажани во џамиите во петок, додека православните цркви се отворени за верниците, иако Патријархот на Москва и цела Русија Кирил ги повика верниците да не ги посетуваат храмовите заради ситуацијата со коронавирусот.

Во указот е прецизирано дека напуштањето на домот е можно само во случај на итна медицинска помош или во случај на опасност по животот и здравјето, во случај на одење на работа, освен ако не постои друго решение, да се направи набавка на храна, како и да се изнесат миленичиња и тоа на оддалеченост од 100 метри од местото на живеење и изнесувањето на ѓубре.

Продавниците и аптеките се добро снабдени, при што многумина на влезовите поставиле дозатори со антисептик. Во моментот нема паника меѓу жителите на Москва, купуваат само потребна храна. Властите ги повикуваат да задржат растојание од најмалку еден и пол метар во продавниците и на улиците. Лекарите советуваат да носат заштитни маски и нараквици и да одржуваат редовна хигиена.

Поврзани вести

Илир Мета: „Голема Албанија“ не е можна, а проектот за „Голема Србија“ не успеа

Maja_Serafimova

Главниот шведски епидемиолог се покаја: Жал ми е, не успеавме

Го киднапирала и со нож го сечела љубовникот на нејзиниот сопруг

Ким Јонг Ун им посака брзо закрепнување на Доналад и Меланија Трамп

Stefanija Kuzmanovska

Двајца Срби и еден Македонец уапсени поради убиство во Словачка

Maja_Serafimova

Фаучи: Целата планета е во неволја

Stefanija Kuzmanovska