ЕУ СВЕТ

Како од австрискиот бар на Алпите се прошири коронавирусот низ Европа (ВИДЕО)

Таканаречениот нулта пациент во Велика Британија се заразил со коронавирус на Алби Ибица, австриски ски-центар на Ишгл, според неколку британски медиуми, а во самата Австрија однесувањето на надлежните од тој град и провинцијата Тирол е под истрага од страна на обвинителството.

Според британските медиуми, Ишгл е место кое придонесе за ширење на коронавирусот ширум Европа.

Нулта пациентот, Дарен Бланд, се заразил во Ишгл, стои на насловната страница на Дејли Мејл.

Се работи за 50-годишен ИТ експерт од Сасекс, кој бил во посета на Ишгл со пријатели од Данска и САД во средината на јануари.

Се верува дека таму се заразил, а по враќањето во Велика Британија, Дарен Бланд ги инфицирал сопругата Сара и децата.

И неговите пријатели, двајца Данци и еден Американец, биле заразени додека скијале.

Бланд изјави дека бил гостин во барот „Кицлох“, кој се најде во фокусот на вниманието на целиот свет бидејќи стотици скандинавци се заразиле во тој бар.

Семејството Бланд не било тестирано на коронавирус, но сите симптоми покажуваат дека тој бил нулта пациент, наведуваат медиумите укажувајќи дека во Велика Британија, во меѓувреме, има повеќе од 9.500 заразени и над 460 жртви.

Во Ишгл и Тирол, како што тврдат австриските медиуми се обиделе да ја заташкаат аферата со ширењето на заразата.

Виенскиот весник „Естерајх“ потсетува дека на 29 февруари кај 15 скијачи од Исланд повратници од скијање им било дијагностицирано инфекција, по што исландските власти го прогласија Ишгл за ризичен регион.

Исланд ги испратил сите информации за заразените до властите на австриската провинција Тирол, која во тоа време не делуваше.
На 5 март австриските медиуми известуваа за заболувањето кај Скандинавците, по што властите во Тирол ги повикаа медиумите и побарале да престанат да известуваат дека Исланѓаните се заразени во Ишгл, изјавувајќи дека во тоа место нема ниту еден случај на заразен.

Само еден ден подоцна, лекари се испраќаат во Ишгл, на кои им е дозволено да тестираат само одредени лица.

Во таа пригода, еден вработен во барот „Кицлох“, како и 15 други вработени во барот, биле позитивни на тестот, но директорот за јавно здравје на Тирол, Франц Кацграбер и тогаш тврдел дека малку веројатно е дека Исланѓаните се заразиле во Ишгл.

Дури на 10 март покраината Тирол го затвора Кицлох, како и другите локали.

Три дена подоцна, австриската влада ги прогласи Ишгл и регионот Пацнаунтал, за региони со висок ризик и ги стави под карантин.

На странските туристи им се дозволува да заминат без никаква контрола, а хотелиерите почнуваат да ги отпуштаат вработените, кои веројатно исто така го имале вирусот.

Илјадници скијачи сакале да ја напуштат Австрија, но недостасувале летови, па многумина остануваат ноќта на 14 март во Инсбрук, главниот град на Тирол, а подоцна се покажува дека многумина се заразени.

Иако Тирол било жариште на инфекцијата во таа покраина на 15 март, жичарниците сè уште работеле, а скијачките патеки биле преполни со скијачи.
Поради инфекцијата во Ишгл, многу странци веќе поднеле тужби, вклучувајќи Данци, Швеѓани, Норвежани, како и Германци, бидејќи само во Хамбург повеќе од 80 од заразените биле во Тирол на скијање.

Оваа недела австриското обвинителство покрена истрага заради прикривање и заташкување и неделување против ширење на заразна болест, бидејќи постојат индиции дека појавата на вирусот била премолчана.

Исто така, Здружението за заштита на потрошувачи поднесе тужба против градоначалникот на Ишгл, но и властите во Тирол.

Поврзани вести

Папата Франциск негативен на коронавирус

Си-ен-ен од болница во Њујорк: Страдање, болка и смрт на секои 10 минути

Stefanija Kuzmanovska

Мицотакис-Вучиќ: Се согласивме за потребата да се задржи отворен европскиот пат на земјите од Западен Балкан

САД ги евакуира своите државјани од крузерот во Јапонија: Сакаат да не транспортираат без тестирање со еден куп други неиспитани лица, а потоа да нè стават во карантин уште две недели

Никола Поповски

Полициски службеник обвинет за убиството на Бреона Тејлор

Никола Поповски

Трамп и се заблагодари на Русија за упатената медицинска опрема