СВЕТ

Карди Би го интервјуираше Бајден: Кажете ми ја најлошата вистина

Раперката Карди Би (27) неодамна разговараше со американскиот претседателски демократски кандидат за годинашните претседателски избори во САД, Џо Бајден, за здравството, расизмот во Америка, бесплатното образование и намалувањето на даноците.

„Кажи ми ја вистината, најлошата вистина“, рече таа во врска со состојбата со коронавирусот во САД.

Бајден (77) ја истакна важноста на гласањето, особено на младите, за Трамп да остане претседател на само еден мандат.

„Во 2016 година, ако сте биле на возраст меѓу 18 и 24 години, доколку гласавте во ист процент како и остатокот од населението, тоа би биле 5,2 милиони гласови повеќе. Тогаш не би го имале Трамп, ќе ја имавме Хилари Клинтон. Гласовите значат. Затоа, треба да продолжите да им кажувате на луѓето зошто треба да гласаат. Вашата генерација може да биде носител на следните избори. Вие би можеле драматично да ги промените работите ако излезете и гласате“, рече Бајден.

За првпат, таа изрази „недопаѓање“ кон американскиот претседател Доналд Трамп. Таа го нарече „конфузен“ и опиша дека постојано се чувствувала измамено од владата, пренесуваат „Фокс њуз“ и „Н1“.

Таа додаде дека е најзаинтересирана за „бесплатен колеџ и здравствено осигурување“. Таа го праша Бајден дали е свесен дека луѓето сакаат да знаат дали високото образование и здравствената заштита може да дојдат без зголемување на данокот.

„Да, може. А начинот да го постигнеме тоа е да правиме практични работи, како на пример, да се осигураме дека секој мора да го плати својот дел. На пример ниту една корпорација не може да плати помалку од 15 проценти данок. Ако станам претседател, секој што има семејство кое заработува помалку од 125.000 долари годишно треба да има бесплатно образование“, рече Бајден.

Карди зборуваше и за нејзините стравови за безбедноста на Афроамериканците во САД, но и за нејзините стравови за безбедноста на нејзината двегодишна ќерка.

„Предрасудите се опасни. Тие можат да бидат почеток на граѓанска војна. Тоа прави на луѓето да им биде непријатно покрај другите луѓе. Никој не сака да се чувствува како цел. Никој не сака непријателство. „Секој едноставно сака да бидат тоа што се, да имаат своја иднина со своите деца и за нивните деца да имаат иднина“, рече Карди.

Добитничката на Греми истакна дека тие само „плачат за еднаквост“, правда и фер игра.

„Тоа е сè… Ние само сакаме правда. Сакаме да се чувствуваме како Американци“, рече Карди, на која Бајден ѝ рече дека е сигурен дека светски промени ќе се случат во наредните генерации.

Поврзани вести

АМЕРИКА ЗАВИЕНА ВО ЦРНО: Повеќе од 180.000 нови случаи на корона, уште 2.597 смртни случаи

Stefanija Kuzmanovska

Дачиќ: Србија спроведе реципрочни мерки кон Црна Гора

Забрана за патувањa: Зошто Тајланд продолжува да ги прима кинеските туристи и покрај опасноста од коронавирусот?

Никола Поповски

Откриена е нова последица од Ковид-19, за која лекови не помагаат

Stefanija Kuzmanovska

Грета од форумот во Давос: Не постигнавме скоро ништо, нема да престанам да ги објавувам бројките за глобалниот порат на температурата (видео)

Никола Поповски

Руски новинари се нашле под оган во Карабах, еден полесно повреден

Stefanija Kuzmanovska