Вести СВЕТ

Кашлала врз патниците и им викала дека ќе умрат: Хистерична патничка создала хаос во авион (видео)

Необичен инцидент се случил во авионот што летал од Белфаст кон Единбург, кога патничка започнала да им вика на другите патници, велејќи им дека ќе умрат, при што почнала намерно се кашла во нив.

Проблемите започнале кога членовите на екипажот ѝ рекле да стави маска како заштитна мерка и превенција поради коронавирусот.

Инцидентот е снимен на камера, каде можете да ја видите и слушнете како пцуе и вика „умрете“.

„Живејте го животот. Секој ќе умре еден ден, го знаете тоа нели? Сите умираат. Без разлика дали е коронавирус или не, но јасно е дека само смртта е безбедна работа“, извикала таа пренесува Дејли меил.

Еден од патниците потоа се налутил и ѝ рекол дека треба да излезе од авионот, во кој штотуку се качиле, што ја разгневило уште повеќе, се слуша на снимката.

„Се надевам дека ќе умреш, копиле, се надевам дека ќе умреш“, извикала таа и почнала да кашла кон патниците.

Портпарол на компанијата „ИзиJет“ потврди дека имало инцидент во нивниот авион.

„Вистина е дека полицијата мораше да интервенира на летот од Белфаст кон Единбург откако една патничка се однесувала многу непријатно. Според правилата на Европската агенција за безбедност на воздухопловството, сите патници сега мора да ги покриваат лицата со маски за време на качувањето, симнувањето и летањето, освен кога јадат или пијат. Овој вид на однесување не може да се толерира“, рекол портпаролот.

Поврзани вести

Илјадници луѓе чекаат во ред да купат маски за лице во Јужна Кореја (ВИДЕО)

Александар Петровски

Несторовиќ: Пандемијата на коронавирус е завршена за ризичните групи, никој не може да се нареди да се носат маски

Ердоган: Турскиот народ со сите расположиви средства е заедно со своите браќа од Азербејџан

Влатко Зорба

Британија: Најмалку 20,000 луѓе починале од коронавирус во домови за стари лица

Во Хрватска нови 61 случај на коронавирус: Вкупно 315 лица се заразени

Трамп категоричен: Нема повторно да ја затвориме земјата поради растот на новозаразени со коронавирус