Вести СВЕТ

Казна од 50.000 евра во Катар за неносење маска

Министерството за внатрешни работи на Катар соопшти дека носењето маски на отворено ќе биде задолжително од недела, а оние што не го почитуваат тоа ќе бидат казнети со максимум 200.000 риали (49.000 евра), пренесува „Гардијан“.

Прекршителите би можеле да бидат затворени и до три години, се вели во соопштението на Твитер на Министерството.

Во соопштението се додава дека само лицата кои се сами во возилата ќе бидат ослободени од ова правило.

Катар пријави 1.733 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, со вкупно 28.227 случаи и 14 смртни случаи.

Поврзани вести

Песков за книгата на Болтон: Трамп не е марионета на Путин

Мигрантите на Лезбос протестираат поради лошите услови

Никола Поповски

Носач Теодор Рузвелт: Околу 60 проценти од тестираните морнари имаат антитела на вирусот

Властите во Туркменистан ја забранија употребата на зборот „коронавирус“

Меркел има докази за руски хакерски напади против неа

Stefanija Kuzmanovska

Амазон во САД вработува 100.000 работници заради коронавирусот