СВЕТ

„Ќе реагираме со Русија ако има опасност“: Лукашенко жестоко им одговори на Американците!

За време на телефонскиот разговор со американскиот државен секретар, Мајк Помпео, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, рече дека Москва и Минск, во рамките на обврските на ООК, ќе реагираат на можна надворешна агресија Помпео увери дека нема таква закана од НАТО.

„Двете земји се подготвени да реагираат заедно на потенцијалните надворешни закани. Поточно, во согласност со договорот во рамките на ОДКБ – за заштита на заедничкиот простор – во случај на надворешна агресија од Полска, Литванија или други земји, Белорусија и Русија ќе бидат принудени да реагираат“ , објави прес-службата на претседателот на Белорусија.

Помпео, од своја страна, одговори дека не треба да се плаши од НАТО, ниту од Полска и Литванија, бидејќи не постои таква опасност.

Лукашенко го информираше својот соговорник од Вашингтон за националниот дијалог што сега „активно се води во Белорусија“. Помпео, од своја страна, рече дека Америка останува посветена на суверенитетот и независноста на Минск и развојот на соработката со Белорусија.

“Соговорниците разговараа и за ситуацијата во светот. Според заедничкиот заклучок, ситуацијата драстично се промени од посетата на Помпео на Минск во февруари, се појавија нови предизвици и постојано се појавуваат. Помпео и Лукашенко разговараа и за домашната политичка ситуација во Белорусија и САД”. .

Лукашенко и Помпео порано денеска разговараа по телефон на иницијатива на американска страна.Да потсетиме, претседателските избори во Белорусија се одржаа на 9 август. Централната изборна комисија објави дека на изборите победил Александар Лукашенко. Белоруската опозиција не ги признава тие резултати и смета дека победник е Светлана Тихановска. Ниту Брисел не го смета Лукашенко за легитимен претседател. Протести против изборните резултати траат во Белорусија од 9 август.

Поврзани вести

Бајден се пофали: Улица во Косово го носи името на мојот син

Stefanija Kuzmanovska

Загрепчани во потера по избеган кралски питон

Прво електрично теренско возило на Тесла

Влатко Зорба

Внуката на Трамп објавува мемоари во кои открива мрачни семејни тајни

Stefanija Kuzmanovska

Владата на јапонскиот премиер поднесе оставка

Stefanija Kuzmanovska

Вучиќ: Србија е подготвена да разговара за компромис за Косово, а не за ултиматум

Никола Поповски