Вести СВЕТ

Кина ги затвора границите за странци

Кина од 28 март привремено ќе запре влез на своја територија за странци со важечки визи и дозволи за престој како привремена мерка против ширењето на епидемијата на коронавирусот, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.

Исклучоци ќе се прават за лица кои ќе бидат во дипломатска или официјална посета, како и за лица што имаат „Ц“ виза.

Визи од категорија „Ц“ се издаваат на странци кои учествуваат во меѓународни транспортни услуги.

Во Кина се регистрирни 67 нови случаи на заразени со коронавирусот, додека во провинцијата Хубеи нема ниту еден нов случај, соопшти кинеската Национална комисија за здравство.

Поврзани вести

Трамп со месеци наназад ги игнорирал предупредувањата на ЦИА за заканата од пандемија

Лични податоци за три милиона клиенти протекле од италијанската банка „Уникредит“

Maja_Serafimova

Меѓу пет пратеници ќе се бира наследникот на Корбин

Локални избори во Бугарија

Maja_Serafimova

Данска привремено ќе воведе гранична контрола со Шведска

Курти: Барам смена на Тачи поради кршење на Уставот

Никола Поповски