Вести СВЕТ

Кина: Нов вид на коронавирус пронајден на пакување од увезени лигњи?

Властите во кинеската североисточна провинција Џилин откриле нов коронавирус на пакувањето на увезени лигњи, соопштија денеска здравствените власти во градот Фују, повикувајќи секој што можеби ги купил да се тестира.

Еден од пакетите пристигнал во градот преку главниот град на провинцијата Чангчун, пренесува Ројтерс, цитирајќи здравствен службеник. Лигњите биле увезени од Русија, пренесуваат странските медиуми.

Тој ги замолил луѓето што купиле и јаделе увезени лигњи во локалната продавница за замрзната морска храна од 24 до 31 август да ги пријават кај локалните здравствени власти и да побараат тест за Ковид-19.

Кинеската царина во петокот соопшти дека ќе го прекинат увозот на компанијата за една недела доколку замрзнатите прехранбени производи се позитивни на вирусот и на еден месец доколку производите на добавувачите бидат позитивни по третпат или повеќе.

Кина неодамна пријави многу малку инфекции со вирусот што се појави во Вухан кон крајот на минатата година, односно само 10 нови случаи на Ковид-19 во саботата. За најновите случаи се вели дека доаѓаат од луѓе кои влегле Кина од странство.

Во август, локалните власти во два кинески града објавија дека пронашле траги од вирусот на увезена замрзната храна. Светската здравствена организација тогаш изјави дека не гледа докази за ширење на Ковид-19 преку храна или пакување.

Поврзани вести

Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот

Европските земји ги заоструваат мерките, Израел воведе карантин

Влатко Зорба

Ердоган: Операцијата „Идлиб“ може да се случи во секој момент, прашање на време е

Никола Поповски

Доделени Нобеловите награди за литература и за 2018 и 2019

user2

Зошто Кипар ги укинува „златните пасоши“?

Никола Поповски

Со Ковид-19 се заразени медицинските сестри кои лечеа пациенти и носеа кеси за ѓубре затоа што немаа друга опрема