Вести СВЕТ

Кина објавила санкции против американски компании поради продажба на оружје на Тајван

Кинеските власти воведуваат санкции против американски компании и физички лица поради планот за продажба на голем контингент американско оружје на Тајван.

„Боинг“, „Локхид Мартин“ и „Рејтион“ се меѓу компаниите кои се наоѓаат на списокот со санкции“, изјави во понеделникот портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан.

Тајван се бори за независност веќе седум децении и воспостави односи со 16 земји, но Кина сепак го смета тој регион за свој неразделен дел, пренесува Анадолија.

Оружје во вредност од 1,8 милијарди долари

Минатата недела Стејт департментот на САД одобри продажба на оружје на Тајван во вкупна вредност од 1,8 милијарди долари, а кинеските власти го осудија потегот и најавија соодветен одговор.

Меѓу другото, станува збор за ракетни фрлачи, произведени од Локхид Мартин и ракети САМ-ЕР на моделот Боинг.

Поврзани вести

Сакаат да му дојдат во посета: Хрватскиот трикратен убиец добива десетици писма од обожавателки

Никола Поповски

Литванија усвои резолуција за непризнавање на Лукашенко

Stefanija Kuzmanovska

Светска банка предупредува: Загадениот воздух во БиХ причина за смртта на 3000 луѓе годишно

Никола Поповски

Во пожар изгоре сплав во Белград (ВИДЕО)

Рама пристигна во посета на Москва

Никола Поповски

Епидемиолозите: Тешко ќе се спречи ширењето на коронавирусот