СВЕТ

Кина воведе санкции против САД

Кина воведе санкции против САД во одговор на донесувањето на законите во однос на ситуацијата во Хонг Конг од страна на Вашингтон.

Санкциите предвидуваат стопирање на разгледување на барањата за посета на Хонг Конг на американски воени бродови и авиони. Кинеските власти исто така воведоа ограничувачки мерки против „Хјуман рајтс воч“, организација за заштита н човековите права, поради „поддршка на екстремизмот и насилството“ во Хонг Конг.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела потпиша два закони за поддршка на протестантите во Хонг Конг. Првиот обезбедува воведување на дипломатски и економски санкции во однос на лица кои ги прекршуваат човековите права во регионот, а вториот забранува испорака во Хонг Конг на средства и опрема за растерување демонстрации. Покрај тоа, САД имаат намера годишно да ги разгледуваат трговските односи со Хонг Конг во зависност од нивото на неговата автономија.

Кина ги критикуваше законите. Кинеското МНР изјави дека жителите на Хонг Конг „имаат демократски права без преседан“ и дека САД се мешаат во внатрешните работи на Кина. Министерството вети дека ќе преземе „жестоки контрамерки“.

Демонстрациите во Хонг Конг траат веќе шест месеци а причината беше најава на нацрт закон за екстрадиција на осудени лица во Кина. Овој нацрт закон во октомври беше напуштен, но протестантите истакнаа нови барања, како ослободување на лицата задржани за време на митинзите.

Поврзани вести

Километарска редица во Кина: Луѓето чекаат да примат вакцина која сè уште не е тестирана, иако треба да платат за неа (видео)

Никола Поповски

Надеж за гасење на пожарите: Над дел од Австралија поројни дождови

Никола Поповски

Иран призна: Го урнавме украинскиот патнички авион

Никола Поповски

Најмалку девет лица загинаа, а 325 се повредени во силниот земјотрес во Албанија

Метрото во Њујорк за првпат го скрати работното време поради честите смртни случаи на бездомници

Stefanija Kuzmanovska

Пандемијата се шири неконтролирано, научници велат дека започна вториот бран

Stefanija Kuzmanovska