Вести СВЕТ

Кинескиот град премина во воена состојба поради коронавирусот: Се воведуваат построги мерки

Градоначалникот на Шулан, град во кинеската провинција Џилин во североисточна Кина, најавил дека ќе премине на „воен режим“ со цел поефикасно да одговори на проблемите што се појавија по потврдените локални случаи на коронавирус во текот на викендот.

Си-Ен-Ен пишува дека Шулан во последните два дена пријавил 14 нови случаи на коронавирусот, а тие податоци биле објавени на веб-страницата на здравствената комисија на провинцијата Џилин.

Градоначалникот Џин Хуа во понеделникот изјавил дека градот ќе донесе строги мерки. На аптеките и во болниците ќе им се укаже да не препишуваат лекови за намалување на температурата, така што сите потенцијални или потврдени случаи на коронавирус се упатени веднаш на лекување.

Заменик секретарот на провинцијата Џилин, изјавил дека властите испитале вкупно 2.005 лица, додека 290 од нив биле во карантин со цел да ги најдат нивните контакти.

Експерти од кинеската Национална здравствена комисија и кинескиот Центар за контрола на болести пристигнале во Шулан во неделата за да работат на превенција и контрола на епидемијата.

Поврзани вести

Полска ја одбележува 75-годишнината од затворањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц

Амбасадор: Кина не е непријател на САД, вирусот е

Влатко Зорба

На бојното поле во Нагорно Карабах загинал и ерменски фудбалер

Никола Поповски

Едно лице загина, а неколкумина се повредени во ерупција на вулкан на Нов Зеланд (ВИДЕО)

Специјалниот пратеник за Косово слави 7 години од победата над канцерот

Еспер: Ние го повикавме Ким Џонг-ун на воздржаност

Maja_Serafimova