Вести СВЕТ

Ќе се активира барањето за екстрадиција на Пуџдемон

Казните кои денеска им ги  изрече Врховниот суд на Шпанија на деветмина каталонски лидери и активисти, затоа што бараа отцепување на оваа покраина од Шпанија, повторно ќе ги отвори меѓународните и европски налози за апсење на поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон и шестмината други лидери кои се залагаа за каталонската независност, а побегнаа од земјата.

Налогот повторно ќе го активира шпанското Обвинителство, со намера судовите на земјите во кои се наоѓаат пребегнатите каталонски сепаратисти повторно да размислат за нивно предавање на Шпанија, пренесе весникот „Ел Паис“.

Весникот наведува дека налогот ќе се однесува на судовите и министерствата за правда на Белгија, Шкотска и Швајцарија, каде се наоѓаат Пуџдемон и останатите шест каталонски лидери.

Пуџдемон веќе две години се наоѓа во Белгија, а судот во Германија во јули минатата година одби да го испорача, во периодот кога привремено престојуваше во оваа земја.

Поврзани вести

Воведено ново правило за „рекреативните дроги“

Stefanija Kuzmanovska

Потврдени се повеќе од 81.000 случаи на новиот коронавирус во 40 земји во светот

Грета Тунберг: „Мислам дека имам коронавирус, но не можам да се тестирам“

Пленковиќ: Нема потреба за прогласување вонредна состојба во Хрватска

Путин ќе формира истражна комисија поради Навални

Влатко Зорба

Над 506 илјади луѓе починаа од Ковид-19 ширум светот

Влатко Зорба