Вести СВЕТ

Кога ќе почнеме повторно да патуваме: На повидок „одмаздувачки“ туризам?

Претставници на земји чии економии се зависни од туризмот, оцениле денес дека е неблагодарно да се прават какви било прогнози, но дека „revenge“ (одмаздувачки) туризам би можел да се случи.

Пандемијата со коронавирусот целосно го парализира светот, а од економските последици уште долго ќе бидеме засегнати, без сомнение за тоа. Погодени се многу индустрии, многу бизниси, а туризмот е една од нив.

Според некои проценки, на Хрватска и се заканува пад на туристите од дури 80%, а грчките хотелиери на работ на опстанок.

Што нè чека во наредните месеци, за време на летните одмори?

Претставници на Хрватска, Црна Гора, Словенија, Грција и Чешка се обиделе да одговорат на ова прашање за време на регионалната онлајн конференција за влијанието на коронавирусот врз туристичкиот сектор.

Тие се согласиле дека сите држави треба да се подготват за повеќе сценарија и дека е „исклучително неблагодарно да се даваат конечни оценки во овој момент“.

Едно е сигурно – навиките на туристите ќе се променат.

И можно е, учесниците се согласуваат, дека т.н. „revenge“ (одмаздувачки) туризам, односно психолошките феномени каде луѓето, после пандемијата, сепак одлучуваат да патуваат и да купуваат повеќе кога ќе се стекнат сите здравствени услови, како што покажува случајот со Кина.

Тековните услови диктираат дека сите социјални актери постојано се подготвуваат за промени, координирање на политики и мерки и ги следат случувањата што секојдневно ги ставаат граѓаните и деловните субјекти. Навремената комуникација со сите актери во општеството, меѓудржавната комуникација, солидарноста и постојаната адаптација кон побарувањата на пазарот се клучни постулати за кои мора да се донесат одлуки, се согласија учесниците на регионалниот вебинар.

Поврзани вести

Во Хрватска има четири новозаболени со коронавирус, вкупно 31

Курц: Мораме да застанеме против Ердоган и злоупотребата на бегалците

Врховниот совет за национална безбедност на Иран: Убиството на Сулејмани е најголемата американска стратешка грешка

Несторовиќ: Тие кои пушат од 5 до 15 цигари дневно немаат тешка клиничка слика

На пазарот пристигнува брз тест на корона, дава резултат за 15 минути

Stefanija Kuzmanovska

Вучиќ: Изборите ќе ги распишам на 4 март